Емотивни моменти од Мелбурн: Крајот на големата кариера ги расплака Новак, Рафа, Роџер...

Кармин

24/01/2020

12:11

21.968

Големина на фонт

а а а

Следена со песната од Нил Дајмонд “Sweet Caroline”, со солзи во очите, една од најпознатите тенисерки на светот Каролин Вознијацки ја заврши својата кариера на 29 години.

Оваа тенисерка од Данска беше поразена од Онс Жабер со 7:5, 3:6, 7:5 во шестнаесеттото финале на Австралијан опен и тоа значело крај за неа затоа што уште од претходно најавувала дека овој турнир ќе ѝ биде последниот.

Судбоносниот момент се случил во последниот гем од натрпеварот кога Каролина, која сервираше на 15:30 го прекина поенот и побара челинџ. Беше неуспешен, Жабер дошла до две меч топки и не многу долго потоа дојде крајот на кариерата на славната Каролина.

„Мислам дека беше очекувано последниот натпревар во кариерата да го одиграм во три сета и да го завршам со форхенд грешка. Тоа е тоа што ме следеше низ целата кариера, така мораше да биде. Беше прекрасно и ова беше едно од најубавите искуства. Среќна сум, но и подготвена за ново поглавје“ - рекла Каролин.

Самото простување било многу емоционално. Каролин стоела во центарот на теренот го гледала емотивното видео со пораки од останатите играчи меѓу кои биле и Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Серена Вилијамс...

„Не знам како да ти кажам збогум. Знам дека тој момент се приближува. Се познаваме предолго, а живеевме во ист град неколку години. Те гледав како тренираш на улица и се дружиш со своите кучиња. Мислам дека станавме вистински пијатели. Ти си неверојатна личност, а твојот допринос во тенисот како игра е многу позитивен и дефинитивно ќе ни недостасува. Сакам ти и твојот сопруг Дејвид да имате прекрасен заеднички живот“ - ѝ порачал Новак во видео пораката.


Последниот натпревар во кариерата на Каролин во живо го следел и нејзиното семејство, а таткото и тренер Пјотр ја прескокнал оградата, влегол на терен и ја подигнал високо во воздух.

Потоа ѝ се придружиле и сопругот Дејвид, мајката Ана и братот Патрик кои исто така почале да плачат. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk