Германски полицајци сопреле српски автобус и останале шокирани: Па ова е за во отпад!

Точка

24/01/2020

11:17

6.370

Големина на фонт

а а а

Берлинската полиција соопшти дека деновиве бил сопрен автобус кој патувал кон Србија, а поради состојбата во која се наоѓал, веднаш бил исклучен од сообраќај.

Кога ќе се случи некоја трагедија, воопшто не треба да бидеме зачудени доколку причината за несреќата е од „техничка“ природа. Тоа не важи само за превозниците од Србија, туку и тоа како и за превозниците од Македонија.

Последниот случај за тоа во какви автобуси се возат патниците по илјадници километри ги шокираше Германците. Полураспадната за'рѓана каросерија, неисправни сопирачки и систем за управување, а дупките во каросеријата биле пополнувани со градежна пена.
Поради ова, берлинските полицајци веднаш го исклучиле од сообраќај автобусот кој имал поминато дури 1,3 милиони километри, констатирајќи дека возилото е целосно подготвено за отпад, а не за превоз на патници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг