Научниците ѝ го вратиле гласот на мумијата стара 3.000 години - еве како звучи

Точка

24/01/2020

11:30

6.810

Големина на фонт

а а а

Научниците со помош на технологијата на 3Д печатачи, медицински скенер и електронски душник ги рекреирале гласните жици на мумифициран свештеник кој живеел во Египет пред 3.000 години и дознале како звучел неговиот глас.

Во трудот кој денес е објавен во научно списание, авторите велат дека техниката овозможува да се произведе еден единствен зкук - “Е“.

„Звукот кој го слушате го произведуваат неговите гласни жици од положба која лежи во саркофагот“ - рекол електротехничарот Дејвид Хауард од лондонскиот Универзитет Ројал Холовеј.

Тонот “Е“ веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несјамун со чие мумифицирано тело истражувачите работеле, затоа што јазикот во текот на три милениуми ја изгубил својата големина и квалитет.

„Тоа е нешто на што работиме и ќе биде возможно за еден ден“ - рекол еден од авторите, Дејвид М.Хауард.

Тој претходно со истата метода репродуктирал гласни жици и гласови на луѓето од денешно време, вклучувајќи го и својот глас и сфатил дека звуците кои се создаваат звучат многу реално и блиски се до оригиналот.

Мекото ткиво во грлото и вокалниот тракт на мумијата биле доволно сочувани така што Несјам бил прекрасен кандидат на кој ќе се обидат да направат репродукција на звукот.

„На египтолозите веќе им е позната фонетиката и начинот на изведување на музика од тој период така што можеме да репродуцираме делови од она што некогаш тој го пеел“ - вели Хауард.

За да го направи тоа, тој ќе мора да користи компјутерски софтвер кој би одговарал на гласот со тој распон, а бидејќи јазикот ја игра најголемата улога во говорот и пеењето, а јазичните мускули на свештеникот не се добро сочувани научниците ќе мора да поработат и на тоа.

Археолозите сметаат дека свештеникот починал на 50-годишна возраст, а видливо е дека имал полураспаднати заби и дека бил болен.

„Доколку му креираме јазик ќе може да го усогласиме со неговиот вокален тракт. Тоа е изводливо“ - заклучил Хауард. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг