Лукаку си ја отвори душата и призна зошто си замина од Манчестер Јунајтед

Дерби

24/01/2020

10:27

1.696

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку се пронајде себе си во тимот на Интер и игра како препороден постигнувајќи многу погодоци.

Белгискиот репрезентативец ја заврши авантурата во Манчестер Јунајтед и по преселбата во Интер ја врати формата која го красеше додека го носеше дресот на Евертон.

Сега, во интервју за „Скај Спортс“, Лукаку откри зошто и кога се решил да си замине од тимот на Манчестер Јунајтед.

– Ја донесов одлуката во март и тогаш бев во канцеларијата на менаџерот за да му кажам дека е време да пробам нешто друго. Не играв на добро ниво, а и ретко играв. Мислам дека беше најдобро за двете страни да се разделиме и сметам дека донесов правилна одлука. Манчестер Јунајтед направи простор за помладите играчи и мислам дека тоа беше вин-вин ситуација за двете страни. Во Интер повторно се пронајдов себеси. Минатата година беше тешка за мене на професионален план затоа што работите не одеа како што сакав јас, па морав да откријам што ми фали и на крај стигнав до заклучок дека мора да ја променам средината, - изјави Ромелу Лукаку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг