Клоп за играчот кој ја излуде одбраната на Ливерпул: Неверојатно, само тој може да се сопре себеси!

Дерби

24/01/2020

10:23

858

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ја продолжи својата неверојатна серија во Премиер лигата и на незгодното гостување на „Молињу“, стадион на кој избраниците на Јирген Клоп мораа добро да се помачат за да стигнат до нова победа во елитното друштво.

Сепак, на крајот голот на Роберто Фирмино во 84-та минута се покажа како пресуден за нови три бода во домашното првенство, што одново го става Ливерпул во ситуација да има 16 бодови позитива во однос на Манчестер Сити. Со оглед на тоа што Ливерпул има и натпревар помалку, новинарите почнаа да заклучуваат дека „црвените“ имаат луксуз да ја освојат титулата и ако загубат на шест натпревари во Премиер лигата, теории кои сепак воопшто не му се допаѓаат на Јирген Клоп кој смета дека уште не е готово.

– Можеме да загубиме на шест натпревари и да бидеме шампиони. Ми доаѓа да повраќам кога го слушам тоа. Готово е кога навистина ќе биде готово, не претходно, – порача Клоп, кој пак беше расположен на прес-конференцијата на која го испофали играчот кој ја излуде одбраната на Ливерпул на синоќешниот меч.

– Зборувавме за Адама Траоре во соблекувалната пред мечот. На моменти едноставно не можете да играте против него. На моменти, добивате чувство дека само тој може да се удри и да се сопре себеси, другите не можат ништо. Каков играч, тој е навистина неверојатен, – изјави Германецот кој не го фали првпат поранешниот играч на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг