Паника и бес во преполната болница: Снимката од Кина се шири по социјалните мрежи, а постои сомнеж дека е од Вухан

Точка

24/01/2020

09:41

4.329

Големина на фонт

а а а

По социјалните мрежи се шири снимка која наводно ја прикажува ситуацијата во една болница во Вухан, градот од 11 милиони луѓе откаде што почна епидемијата на новиот вирус.

Како што пишуваат од Си-ен-ен, кои исто така ја објавија оваа снимка, автентичноста на истата не може да се утврди.

Сепак од Си-ен-ен ја анализирале снимката и дијалектите на луѓето на неа и поради тоа се верува дека токму таа може да биде автентична.

Исто така, тоа што се гледа на снимката е во состав на ова што го објавуваат кинеските медиуми.

На снимката се гледа ходник кој е преполн со пациенти. Една од работничките во болницата вика: „Сите престанете да зборувате, слушајте ме. Тишина“.

Таа им дава инструкции на другите работници да ги распоредат луѓето кои доаѓаат по резултатите од тестирањето.

„Сите кои доаѓаат по резултати од тестирањето нека го следат овој млад човек до влезот и нека чекат во ред. Не бидете нервозни“ - зборувала работничката од болницата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг