Светот шокиран: Ги предвидел најголемите скандали и знае што ќе им се случи на Џенифер и Парис во 2020-та година!

Точка

23/01/2020

21:22

6.751

Големина на фонт

а а а

Николас Аујала (34) е видовит човек кој го предвидел пожарот во катедралата Нотр Дам, како и скандалот на канадскиот премиер Џастин Трудо, а сега има нови предвидувања за 2020-та година.

Меѓу неговите нови предвидувања, покрај американскиот претседател Доналд Трамп, се нашле и Парис Хилтон и Џенифер Анистон.


„Некои визии ги забележувам во соништата, а други ми доаѓаат додека се движам на улиците. Соништата се најинтензивни и тоа е така бидејќи интуитивниот дел од мозокот е во поголема активност“, рекол Аујула.

Дарот, како што вели, го открил кога бил дете откако починал татко му. Тогаш сфатил дека има изразена интуиција и верува дека во минатите животи бил лав и египетска кралица.

„Имав илјада минати животи. Бев египетска кралица, слугинка, учител за време на Француската револуција, срна, лав, а живеев и во друга вселена“, вели тој. Николас предвидел низа случувања кои ја одбележаа 2019-та година, а меѓу останатите и скандалот помеѓу Џастин Бибер и Тејлор Свифт.


Предвидувањата за светските ѕвезди за 2020-та година се нешто поразлични.

„Парис Хилтон би можела да објави дека ќе стане мајка, Линдзи Лохан ќе направи скандал, а Џенифер Анистон ќе влезе во нова, многу важна врска“, рекол Николас и додал дека може да се случи да почине една млада пејачка, а нејзината смрт ќе биде поврзана со алкохол и дрога. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг