На многумина им се случило да се разбудат во неверување констатирајќи дека штотуку имале еротски сон со нивниот шеф или шефица.
На ваквите соништа не реагираат сите исто - некому предизвикуваат само краткотрајна насмевка, но има и луѓе на кои потоа им е непријатно и да се поздрават со шефот, бидејќи никако не можат да го исфрлат сонот од глава.
Оваа ситуација не е невообичаена и нема причини да се чувствувате непријатно на работа, бидејќи всушност сонот и не бил за вашиот шеф, пренесува Guardian. Кога сонуваме луѓе кои ги знаеме, тие претставуваат симбол на некој или нешто. Запрашајте се: што ми претставува мене мојот шеф? Ако ви претставува авторитет, тогаш сонот може да значи скриена фантазија дека тежнеете кон тоа да ја преземете контролата врз вашиот живот.
„Дури и сексуалниот аспект од вашиот сон не мора нужно да има еротска позадина или интерес за него. И реалната сексуална желба може да се сокрие во потсвеста. Можеби вашиот шеф направил несвесна еротска поврзаност со вас“, вели Памела Стефансон Конли, психотерапевтка која е специјализирана за лечење на сексуални пореметувања.
Соновите носат важни информации за нашата потсвест и вреди правилно да се истражат. Ако сакате да го сфатите нивното значење, секогаш можете да побарате помош од експерт кој ќе ви помогне да ги разберете вашите ноќни романи.