Џенифер Анистон е една од многуте славни личности кои заслугата за својата убава коса им ја должат на препарите за коњи, пренесува „The Sun“.
Имено, овие шампони и регенератори спаѓаат меѓу најбараните проиводи за коса на Амазон, кои имаат стотина верни корисници, без оглед на тоа што производите се наменети за коњи, а достапни се и во нашите дрогерии.
Луѓето се колнат дека токму овие производи им помогнале во трансформација на косата. Меѓу фановите на овие производи се и Ким Кардашијан и Деми Мур.
Во описот на овие производи стои: „Наменето за луѓе и коњи за сјајна, мека и густа коса.“
Жените кои ги пробале овие производи масовно споделуваат фотографии “пред и потоа“ и не го кријат задоволството.