Од фантастична до страшна: Бабичка која ужива да се шминка ја подели јавноста

Fashionel.mk

23/01/2020

16:09

1.872

Големина на фонт

а а а

На фесјбук страницата „Beauty studio“, секојдневно можете да видите видеа поврзани со шминка и трикови за подобар изглед.

Меѓу нив, вниманието ни го привлекоа видеата со прекрасната Маргарита. Има 70+ години (од страницата не откриваат колку точно години има) и ужива да се шминка, што се забележува и од нејзините видеа. 

По теркот на многу помлади девојчиња, таа како вистинска „бјути блогерка“ ги аплицира производите и предлага како можете да изгледате за одредена пригода. 

Од видеата ќе ја забележите нејзината веселост, природна убавина, но и смислата за хумор. 

Сепак, не сите мислат така. Маргарита ја подели јавноста, па додека од една страна се оние што ѝ се восхитуваат на љубовта кон животот и кон еланот да изгледа убаво, други сметаат дека изгледа страшно и дека користи премногу шминка што со часови треба да се вади. 

Ретки се жените како неа што на оваа возраст имаат хоби, па дури и вакво, кое подразбира следење на актуелни трендови, забава, хумор, шминка... 

Маргарита покажува дека без разлика колку години имаме, треба да правиме работи во кои уживаме и нè прават среќни и кои ќе ни помогнат да го негуваме детето во себе. 

Што мислите вие? Ви се допаѓа ли Маргарита?



Спонзорирани линкови

Маркетинг