„Билд“ пренесува дека Баерн Минхен донел конечна одлука за Филипе Кутињо

Дерби

23/01/2020

16:04

1.890

Големина на фонт

а а а

Угледниот германски медиум „Билд“ пренесува дека Баерн Минхен донел конечна одлука околу иднината на Филипе Кутињо.

Бразилскиот фудбалер настаува како позајмен фудбалер во редовите на Баерн Минхен од Барселона, а во договорот меѓу двата клуба имаше клаузула која говори дека „баварците“ може да го откупат неговиот договор за сума од 120 милиони евра.

Сепак, Баерн Минхен донел одлука да не го откупи целосно неговиот договор и наместо тоа парите да ги насочи кон ангажман на други фудбалери,пред се Каи Хаверц кој е голема желба на клубот.

Освен Кутињо, на излезните врати од клубот се Мануел Ноер, Иван Перишиќ и Давид Алаба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг