Суарез објасни зошто навивачите на Ливерпул се најдобри на светот

Дерби

23/01/2020

15:55

1.837

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез низ своето фудбалско патување имаше можност да го носи дресот на навистина големи клубови, клубови со голема традиција и многу успеси, а еден од нив е Ливерпул.

Напаѓачот беше дел од премиерлигашот од 2011 до 2014 година, период во кој едноставно блескаше, но и многу се поврза со навивачите. Тој исклучително го цени периодот минат на „Енфилд Роуд“, а за навивачите смета дека едноставно се најдобрите на светот.

-Според мене, тие се меѓу најдобрите навивачи на светот поради љубовта која ми ја покажаа за време на целиот мој престој во Ливерпул. Тие ме сакаа и се однесуваат спектакуларно. Поради тоа тие се меѓу најдобрите фанови на светот, за мене тие се најдобри, -истакна отворено и искрено популарниот „Ел Пистолеро“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг