Искусниот Ешли Јанг во овој преоден рок Манчестер Јунајтед го замени со Интер со што стана третиот играч кој за краток период премина од премиерлигашот во таборот на „нероаѕурите“ или поточно ги повтори стапките на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.
Јанг како сите новајлии мораше да мине низ ритуалот и со песна да им се престави на новите соиграчи. Ветеранот се одлучи да ја „запее“ Three Little Birds на Боб Марли, а како тоа изгледаше погледнете во следново видео.