Рускиот парламент едногласно ја поддржа уставната реформа на Путин

Макфакс

23/01/2020

15:46

487

Големина на фонт

а а а

Долниот дом на рускиот парламент едногласно го поддржа предлогот на претседателот Путин за далекосежни уставни измени, кои многумина ги сметаат за обид да се зајакне неговото влијание по истекот на вториот претседателски мандат.

Реформите, претставени од Путин минатата недела, ги поддржаа сите 432 присутни пратеници. 

Думата е контролирана од владејачката партија, која го поддржува Путин, „Единствена Русија“.

Според аналитичарите, уставните измени ќе му отворат простор на Путин да го задржи влијанието кога ќе му истече мандатот во 2024 година, иако во текот на викендот тој рече дека не ја поддржува советската практика на доживотни лидери.

Реформата предвидува намалување на широките претседателски овластувања и зајакнување на улогата на парламентот.

Путин сè уште не открива какви се неговите планови кога ќе го напушти Кремљ.

Пред да станaт закон, долниот дом мора да ги усвои уставните амандмани уште во две читања, а потоа ќе бидат разгледувани и во горниот дом и во регионалните парламенти. На крајот Путин мора да го потпише законот.

Рускиот устав не е изменет од 1993 година, а Путин порача дека реформите треба да бидат ставени и на референдум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг