Ксенија од Русија, гинеколог и мајка на четири деца, избрана за Miss Universe 2020

Точка

23/01/2020

16:00

2.825

Големина на фонт

а а а

Таа станала сопственичка на титулата "Mrs. Universe Classic 2020", во која учествувале жени постари од 40 години.

Гинекологот Ксенија Вербитскаја (43) од Санкт Петербург станала победничка на натпреварувањето "Mrs. Universe 2020" одржано во Бугарија. 

Мајката на четири деца е прогласена за најдобра од 36 учсницички. Една од пациентките ја пријавила да се бори за титулата најубава омажена жена. Ксенија сега ветува дека нема да престане со работа, и покрај победата.

Таа станала сопственичка на титулата "Mrs. Universe Classic 2020", во која учествувале жени постари од 40 години. На натпреварувањето кое било одржано на 21-ви јануари во Софија, победила од 36 конкурентки.

Пред неколку години една пациентка ја советувала да учествува на натпреварување за убавина, но во тој момент таа не можела да се натпреварува бидејќи била бремена со четвртото дете.

Во финалето на натпреварувањето, Ксенија победила појавувајќи се на бината во црвено-бела тоалета, а ја извела шпанската песна "Besame Mucho" во натпреварот за таленти.

"Ме преплавија емоции! Им се заблагодарувам на сите мили личности. Ги чувствувам вашата љубов и поддршка! Ви благодарам", им се заблагодарила Ксенија на Инстаграм на сите кои ја поддржале.

Натпреваувањето за Miss Universe се одржува од 2007-ма година. Прв пат се одржало токму во Бугарија - во организација на Mrs. Universe LTD.

На ова натпреварување може да учествуваат жени од сите земји на светот - омажени, разведени или вдовици - на возраст од 18 до 55 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг