Google подготвува поевтина верзија на својот најдобар телефон

Точка

23/01/2020

17:05

895

Големина на фонт

а а а

Google наводно работи на верзија на Pixel 4 која ќе има послаб хардвер и една камера, а цената ќе изнесува „прифатливи“ 400 долари.

За корисниците кои бараат врвен, но не така скап телефон, Google подготвува нов модел од својата серија на паметни телефони Pixel. Минатата година претставија таков уред Pixel 3a кој се чинеше како идеален телефон од средна категорија, а сега пристигнува наследникот 4а.

Засега не е познато каков конкретно уред ќе претстави Google, но уште минатата година Марио Квеироз од Google говореше за телефони за кои луѓето сакаат врвно искуство, но не сакаат да платат 1400 долари.

Минатогодишниот модел имаше процесор Snapdragon 670 и 4 GB RAM, а иако имаше една камера на задната страна, сепак квалитетот на фотографиите беше одличен. Истото можеме да го очекуваме и оваа година. Се споменуваат процесорите Snapdragon 730 или 765 (кој има поддршка за 5G), кои исто така не се најмоќни, но би требало да се сосема доволни за просечните корисници.


Кога станува збор за дизајнот, евтиниот Pixel не би требало да се разликува многу од Pixel 4 моделот кој беше претставен минатата година и според досегашните информации, се очекува дијагоналата на екранот да изнесува 5,7 или 5,8 инчи.

На задната страна би требало да биде сместена само една камера во квадратен модул, додека на предната страна можеме да очекуваме дупче во екранот каде ќе биде сместена селфи камерата.

Официјалното претставување на новиот телефон на Google може да се очекува на I/O конференцијата во текот на мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг