Грчки навивачи избркани од Австралијан Опен поради непристојно однесување и скандирање “Македонија е Грција”

Точка

23/01/2020

16:54

3.583

Големина на фонт

а а а

Околу 20 грчки навивачи биле избркани од трибините на терените во Мелбурн Парк поради непристојно однесување за време на дуелот помеѓу Гркинката Марија Сакари и Јапонката Нао Хибино.

Грчките навивачи во текот на мечот фрлале пластични чаши, биле гласни, вееле антимакедонски знамиња и скандирале антимакедонски пароли. 

Дел од скандирањата биле на национална база, порачувајќи дека Македонија е Грција.

Навивачите повеќе пати биле предупредени од судијата, обезбедувањето и полицијата и откако немале намера да престанат, биле исфрлени од турнирот. Слично вакво однесување било забележано и кога го бодреле Стефанос Циципас кој ги искритикува за однесувањето. 

“Со начинот на нивното навивање само ги навредуваат противниците. Ова сепак е тенис, а не фудбал. Мислам дека претеруваат”, изјави Циципас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг