Граѓаните огорчени: 11 милиони долари донирани по пожарите во Австралија воопшто не одат за жртвите

Точка

23/01/2020

15:53

1.093

Големина на фонт

а а а

Австралискиот Црвен крст ги негира обвиненијата дека ги ускратува паричните средства наменети за санирање на штетата од разорните пожари.

Пожарите ја опустошиле Австралија, каде огнот проголтал повеќе од 18 милиони хектари земја. Само во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс биле уништени или оштетени повеќе од 2.200 домови. 

Луѓе од целиот свет, без разлика на статусот или примањата, донирале околу 115 милиони долари за санирање на штетите настанати по пожарите. Австралискиот Црвен крст сега е на мета на критичарите поради изјавата на директорот Ноел Клеменс дека 10 проценти од вкупните трошоци ќе бидат одвоени за административни трошоци.

Клеменс објаснил дека донациите за жртвите од пожарот постепено се исплаќаат преку парична помош.

"Сето ова се прави со цел обработка на барањата за пружање на парична помош. Мораме да ги исполниме законските одредби, за да ја обезбедиме можност за обработка на сите барања во догледно време", изјавил Клеменс во текот на гостувањето во емисијата "The Today Show" на австралискиот канал 9.

Поединечна парична помош на Црвениот крст изнесува меѓу 10 и 20 илјади долари, а дури 700 барања се одобрени.

Организацијата тврди дека веќе 20 милиони се насочени на санација на штетата нанесена од пожарот, но граѓаните од погодените области го тврдат спротивното.

"Ветија многу работи, дека ќе направат ова или она, но никаква помош не добивме. Не знаеме каде одат тие пари", вели Роберт Горинг од Улмаре, во Нов Јужен Велс, за канал 7.

Од септември 29 лица го изгубиле животот во разорните пожари, вклучувајќи неколку пожарникари кои настрадале на должност. Се верува дека милијарда животни угинале само во Нов Јужен Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг