Уште еден кинески град во карантин: Бројот на жртви од Корона вирусот се зголеми на 25

Точка

23/01/2020

16:27

792

Големина на фонт

а а а

Слични мерки кои претходно беа воведени во градот Вухан поради најновиот Корона вирус се воведени во уште еден кинески град - Хуанганг.

Во градот со шест милиони жители е стопиран автобускиот и железничкиот сообраќај, како и забавните содржини како што се кино салите и интернет кафеата, пренесува „Скај“.

Засега не постои вакцина против новата вирусна инфекција која може да предизвика запаление на белите дробови и може да се пренесува од човек на човек.

Од Светската здравствена организација наведоа дека иако засега не е позната точната причина за појавата на заразната болест, примарен извор најверојатно е животно, односно змија или лилјак.

Во меѓувреме, бројот на жртви од Корона вирусот се искачи на 25, додека пак потврдени се повеќе од 590 случаеви на заразени. Како што пренесуваат кинеските медиуми, најчесто станува збор за лица постари од 60 години.

Поради избивањето на епидемијата, кинескиот град Вухан е ставен во некој вид на крантин затоа што се блокирани воздушниот, патниот и железничкиот сообраќај, а жителите се советуваат да не патуваат надвор од градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг