Во Пекинг откажани големи новогодишни собири: Властите се обидуваат да го сузбијат ширењето на Корона вирусот!

Точка

23/01/2020

15:35

651

Големина на фонт

а а а

Кинескиот главен град Пекинг откажал големи јавни настани, вклучувајќи два познати новогодишни саеми, додека властите се обидуваат да го сузбијат ширењето на смртоносниот Корона вирус, објавиле државните медиуми.

Истовремено, Кинеската државна железничка група рекла дека патниците ќе можат да добијат целосен поврат на парите за купените карти ширум земјата, почнувајќи од петок, пренесува Ројтерс.


Претходно е објавено дека властите на кинескиот град Вухан соопштиле дека ќе ги затворат сите градски транспортни мрежи и ќе ги запрат сите летови од 10 часот по локално време, откако е потврдено дека 17 лица починале како последица од вирусот, а заболено е 571 лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг