Даниел Крег конечно ја изговори реченицата која последниве неколку години се провлекуваше низ медиумите.
„Повеќе нема да бидам Бонд. Готово е“.
Најдолговечниот серијал на светот „Џејмс Бонд“ го напушти уште еден актер.
Ги гледавме Роџер Мур, Шон Конери, Пирс Броснан и него - според многумина најдобриот Бон кој некогаш се појавил, актерот Даниел Крег.
Крег во снимањето на филмовите за најдобриот таен агент на светот неколку пати скршил нога, истегнал тетиви, ги оперирал рамениците, коленото...
И кога пред четири години изјави дека повеќе никогаш нема да се врати, мислеше на повредите.
„Помислив, имам ли јас сила повторно да снимам филм за Бонд. Но, имав доктор кој ми кажа “оперирај го ова сега и за десет седмици ќе трчаш“ па јас го послушав, а за две седмици повторно бев на сет и се фрлав како некој идиот“ - изјавил Крег, пренесуваат од „Metro“.
Потоа ја изговорил следната реченица:
„Ова беше првата одлука. Пресреќен сум што добив можност да се вратам во овој филм. Дадовме сè од себе и ова е најдобро што можеме да направиме. Ова е мојата последна авантура за Џејмс Бонд. Не се враќам“.
Медиумите веќе почнаа да шпекулираат за новото име кое ќе го наследи Бонд, а последните кои се најдоа во трката за Бонд се Ричард Маден, Идрис Елба и Џејмс Нортон.