Некои жени, изгледа се предодредени да им бидат неверни на партнерите благодарение на мутираните гени.
Конкретно, големото истражување за однесувањето на луѓето открило дека мутациите во гените на вазопресинскиот рецептор AVPR1A изгледа дека се поврзани со неверството кај жените, но не и кај мажите.
Вазопресин е хормон кој игра важна улога во романтичните врски, како и во сексуалната мотивација или желба кај лицето да се вклучи во сексуални чинови.
Во основа, мутацијата во овој ген може да влијае на тоа како жените реагираат на вазопресин, а со самото тоа и на тоа како емоционално се поврзуваат со својот партнер и колку ќе сакаат да бараат секс надвор од врската со тој партнер, пишува Listverse.
Бидејќи ова е генетска мутација, може да се пренесе и на потомството кај жената која изневерува, давајќи иста предиспозиција.
Потребно е да се направат уште истражувања за овие наоди да се потврдат или демантираат, но овие резултати ветуваат бидејќи ќе пружат биолошка причина зошто некои жени може да ги привлече идејата за неверство - тоа е, едноставно, во нивните гени.