Жирито на Суперталент во неверување гледало што прави оваа 85-годишна баба со 40 години помлад маж

Точка

23/01/2020

14:44

4.444

Големина на фонт

а а а

Во САД неодамна почна емитувањето на втората сезона на посебната верзија на Суперталент, „America's Got Talent: The Champions“, на која можат да се пријават само натпреварувачи кои веќе имале некаков успех на Суперталент.

Во првата епизода на втората сезона која неодамна почна да се емитува, танчерскиот пар ги оставил судиите, но и гледачите - без здив.

85-годишната баба Педи го украла целото внимание и уште еднаш со својот партнер Ник (45) докажала дека годините за танц се само бројка.

Танчерскиот пар во 2014-та година во осмата сезона на британското шоу Суперталент добил златен тастер и стигнал до финале.

Сега се вратиле во шампионската верзија на шоуто со посебен настап, а снимката од нивниот перформанс стана вирална на социјалните мрежи. Погледнете зошто. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг