Владимир Путин порачал: Холокаустот е заедничка трагедија на Русија и Израел

Точка

23/01/2020

14:15

1.684

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјавил дека холокаустот е заедничка трагедија на Русија и Израел, велејќи дека 40 проценти од настраданите Евреи биле од Советскиот Сојуз.

"Кога станува збор за трагедијата наречена Холокауст, 40 проценти од настраданите Евреи се Евреи од Советскиот Сојуз", изјавил Путин во текот на состанокот со претседателот на Израел Реувен Ривлин. 

Тој додал дека тоа е заедничка трагедија на двете земји, во целосна смисла на тој збор.

Рускиот лидер нагласил дека антисемитизмот завршува со Аушвиц.

"Сега кажавте дека не се знае каде завршува антисемитизмот. Нажалост, јас знам - завршува со Аушвиц. Поради тоа мора да бидеме многу внимателни за да не дозволиме било што слично во иднина, и да се спротивставиме на било какви манифестации на ксенофобија и антисемитазам, без разлика на тоа од каде доаѓа", рекол Путин.

Тој истакнал дека Црвената армија не само што го ослободила Аушвиц, туку и дала пресуден придонес во борбата против нацизмот.

"И советскиот народ, рускиот народ многу страдаше во текот на таа војна", нагласил Путин.

Рускиот лидер му се заблагодарил на претседателот на Израел на повикот и истакнал дека Русија ги забележува напорите на раководството на Израел да ги зачува сеќавањата на настаните од Втората светска војна.

Претседателот на Русија пристигнал во Израел за да присуствува на форумот "Го чуваме сеќавањето на Холокаустот, се бориме против антисемитизмот", како и откривањето на споменикот на хероите во Ленинград во Ерусалим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг