Кирјос брутално го понижи Надал: Со неговата имитација предизвикал громогласна смеа на трибините

Точка

23/01/2020

15:45

3.262

Големина на фонт

а а а

Веќе одамна е познато дека Ник Кирјос има “пик“ на водечките светски тенисери - Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Двајцата најдобри тенисери на АТП листата често се на мета на критики кај овој Австралијанец, а во натпреварот со Французинот Жил Симон на ред дојде Шпанецот.

Во еден момент Ник бил предупреден од страна на судијата дека времето истекло од местењето на Кирјос и дека мора што побрзо да сервира.

Темпераментиниот Австралијанец веднаш почнал да го имитира Рафа покажувајќи ги движењата на Бикот од Мајорка, вклучувајќи го и неговото препознатливо вадење на долната облека од задникот.

Во тој момент Кирјос напоменал дека судијата никогаш не го опоменил Надал кога прави такви работи.

Инаку, Кирјос се изборил за пласман во третото коло на турнирот бидејќи вчера во четири сета успеа да го совлада Французинот Жил Симон со 3:1.




Спонзорирани линкови

Маркетинг