Изгледа Томас Маркл не сака да ги чува тајните од неговата ќерка Меган.
Во документарецот кој го снимил, ги открил сите детали за односот со ќерката и зетот Хари, кој никогаш не го запознал.
Таткото на Меган Маркл открил како изгледал неговиот прв разговор со ќерка му, кога му рекла дека е во врска член од британското кралско семејство.
„Ми се јави на телефон и ми кажа дека има ново момче. Не ми кажа веднаш за кого станува збор“, вели Томас.
„Прво рече дека е Британец. Потоа додаде дека е принц. Јас реков ОК“, додава. Потоа Меган му рекла дека принцот сака да зборува со него.
„Тоа беше убав и пријатен разговор. Исто ќе се чувствував ако ми кажеше дека е во врска со некоја холивудска ѕвезда“, вели Томас. Како што вели, Меган му изгледала пресреќна и бил многу среќен за неговата ќерка.