Последниот лет од Вухан: Патниците пристигнаа во Сиднеј, едвај ги пуштија да влезат во земјата

Точка

23/01/2020

13:32

2.051

Големина на фонт

а а а

Еден од последните авиони кои полетаа од Вухан во Кина каде што изби опасниот Корона вирус, денес слета во Сиднеј.

Патниците и екипажот на авионот со маски на лицата го напуштија леталото, а на аеродромот во австралискиот град ги дочекаа лекарски екипи.

Пред да им го одобрат влегувањето во Австралија, патниците беа испрашувани за здравјето, а беа и советувани во врска со симптомите на вирусот кој досега усмрти 25 лица. Исто така, добија и брошури во кои им е објаснето што треба да направат доколку почувствуваат некој од симптомите.

„Ни рекоа дека треба да ставиме маски, а веќе сите имавме маски. И ние и пилотите и стујардесите“, изјави 40-годишниот Кевин Ојанг кој се вратил во Сиднеј од службеното патување во Кина.


Медицинските екипи соопштиле дека на летот од Вухан немало заразени патници. Сепак, тие додадоа дека постои период на инкубација, па сите патници кои што пристигнале во Вухан во текот на следните денови ќе мора да бидат контролирани.

„Ќе мораме да ја контактираме болницата“, изјави една од патничките во разговорот со австралиските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг