Давид Бабунски заминува од Јапонија и се враќа во Европа

Дерби

23/01/2020

12:44

1.051

Големина на фонт

а а а

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски ќе стави крај на неколкугодишниот престој во Јапонија и оваа зима ќе се врати во Европа.

Офанзивниот играч за врска е слободен агент откако неговиот договор со Омија Ардија дојде до крајот и истиот не беше продолжен.

Сега Бабунски ќе се врати на стариот континент и веројатно ќе го облече дресот на полскиот прволигаш Пиаст Гливице. Овој клуб минатата сезона беше шампион на Полска, а оваа година е на шестата позиција на табелата.

Клубот е во потрага по офанзивен играч за врска, а прв избор на тренерот е Патрик Липски за кого Пиаст нема доволно средства, па затоа ќе се насочи кон ангажман на македонскиот интернационалец.

Доколку реализира трансфер во полскиот шампионат, Бабунски ќе биде втор македонски фудбалер по Дени Илиев кој прави трансфер во Полска. Голманот од оваа зима е член на Јагјелонија каде ќе настапува во следните шест месеци како позајмен фубдалер од Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг