Откриен е изворот на опасниот вирус во Кина? Постои сомнение дека потекнува од змии!

Точка

23/01/2020

13:55

1.770

Големина на фонт

а а а

Кинеската кобра, вид на отровна змија, би можела да биде оригиналниот извор на новотокриениот опасен Корона вирус кој се појави во Кина оваа зима и досега усмрти 17 лица.

Болеста за прв пат била забележана кон крајот на декември 2019-та година во Вухан од каде со голема брзина се прошири најпрвин во Кина, а потоа и во други земји, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави.

Првите случаи на луѓе заразени со Корона вирусот биле забележани кај работници и купувачи на локален пазар каде освен живо месо, се продавале и животни како птици, магариња, овци, свињи, лисици, ежеви и влекачи, пренесува „СиЕнЕн“.


Научниците сметаат дека вирусот преминал од животните на пазарот на луѓето, а таа теорија ја засновале по споредувањето на генетските примероци на Корона вирусот со сите познати такви вируси. Со помош на протеински кодови откриле дека протеинскиот код на најновиот вирус е најсличен на Корона вирусот од кој заболуваат змиите.

Змиите најчесто во дивината ловат глувци и лилјаци, а според извештаите, змиите и тоа вид на тајвански, односно кинески кобри биле продавани на пазарот во Вухан. Со тоа, вирусот од животните преминал на луѓето.


Тајванските змии од групата кобра се змии со исклучително силен отров, а живеат во централна и јужна Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг