Цркви и куќи градени од дијаманти: Овој град лежи на 72 тони дијаманти, но не може да се збогати...

Точка

23/01/2020

12:30

2.858

Големина на фонт

а а а

Жителите на малиот град Нердлинген во Германија знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го разрушат за да се збогатат.

Нердлинген во Баварија е град изграден над дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога местото било погодено од астероид. Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, баш како и денешен Нердинген, а бил тежок околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно за да настане мешавина на стакло, кристали и дијаманти односно суевит. Се проценува дека околу 72 илјади тони дијаманти се наоѓаат на подрачјето на Нерлинген.


Кога милиони години подоцна пристигнале првите жители, тие не знаеле дека куќите ги градат на драгоцено тло. Со години верувале дека потеклото на кратерите е вулканско се до 60-тите години од минатиот век кога беше потврдено дека станува збор за астероид. Суевитот бил користен како градежен материјал, без луѓето да знаат дека се состои од мали дијаманти.

Па така, градската црква и средновековните ѕидини во Нердлинген се многу повредни од тоа што се чини на прв поглед.


Сепак, иако количината на дијаманти е огромна, жителите не би можеле за нив да добијат добра цена затоа што се помали од 0,2 милиметри. Поради тоа тие немаат намера да го рушат својот град за да дојдат до богатство.

Германскиот град сепак заработува на друг начин - илјадници туристи доаѓаат од цел свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат локалниот музеј во кој има примероци од кратерот кој бил направен од астероидот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг