Милијардерот пред 3 години предупредил на вирус кој би можел да убие дури 30 милиони луѓе

Точка

23/01/2020

12:07

3.062

Големина на фонт

а а а

Најмалку 17 лица починаа поради ширење на новиот коронавирус. Првите случаи се забележани во кинескиот град Вухан, каде денеска во ова место се затворени сите сообраќајни и транспортни мрежи, а граѓаните се советуваат да не го напуштаат градот.

Неколку случаи се забележани и во околните земји, но и во САД, а додека светот стравува од масовна епидемија, многумина се сетиле на она што милијардерот Бил Гејтс го рекол уште во 2017 година. 

Имено, шефот на Мајкрософт таа година изјавил дека стравува од “чудакот природа” којa би можелa да убие 30 милиони луѓе за помалку од една година. Таа закана не е нуклеарна бомба ниту силен земјотрес, туку мал, невидлив вирус кој за неколку месеци би можел да усмрти милиони луѓе ширум светот.


“Без разлика дали би можел да се случи по природен пат или од рацете на терористите, епидемиолозите велат дека брз патоген во воздухот би можел да убие повеќе од 30 милиони луѓе за помалку од една година”, изјавил Гејтс во Минхен во 2017 година. Тој додал дека епидемиолозите наводно предвидуваат дека таквата епидемија би можела да се случи во наредните 10 до 15 години, пренесува “Insider”. 

Неговите стравови минатата година ги потврди и Виктор Џау, претседател на Националната академија за медицина, кој тврдел дека ситуацијата е ризична.

Тогаш предупредувањата важеле за птичјиот и свинскиот грип.


“Повеќе од 60 отсто од човековите болести, особено поврзани со инфекции, доаѓаат од животните”, рекол Џау, а се сомнева дека новиот коронавирус потекнува од рибјите пазари во Вухан.

Светската популација е сега 4 пати поголема од онаа во 1918 година, патувањата се полесни отколку претходно и можно е да отпатувате околу светот за помалку од 36 часа, така што не е тешко да се замисли нов вирус како што била шпанската грозница да се прошири низ целиот континент пред здравствените експерти да сфатат што се случува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг