Досега невидена фотографијa: Доналд Трамп и Меланија во романтично светло

Точка

23/01/2020

11:22

3.703

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп слават 15 години брак.

Белата куќа на својот официјален Инстаграм профил објави романтична фотографија од Доналд и Меланијa и на тој начин им ја честита 15-годишнината од брак.  

На годишницата од претседателскиот брак, на 22-ти јануари на профилот од Белата куќа се појави фотографија која досега никој не ја видел, а на неа како што може да се види Доналд и Меланија играат и очигледно се многу среќни, судејќи според нивните насмевки.

Во позадина се забележуваат двајца виолинисти кои биле задолжени да ја “загреат“ атмосферата и да ги разнежнат претседателот и првата дама на САД. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг