Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Макфакс

23/01/2020

11:14

513

Големина на фонт

а а а

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан, поради епидемијата на вирусот корона, од којшто досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени.

Министерството нареди автобусите и ферибродите кои веќе се упатуваат кон Вухан веднаш да се вратат на точката на поаѓање.

Во соопштението, Министерството ги повикува сите автобуски компании што минуваат низ Вухан веднаш да ги прилагодат своите патеки и да го заобиколат, истакнувајќи дека на патниците не треба да им се дозволува да заминат во тој град, пренесува „Ројтерс“.

Властите на Вухан, кадешто беа забележани првите случаи на вирусот корона, вчера одлучија да ги затворат сите транспортни мрежи, а на граѓаните им беше препорачано да не го напуштат градот.

Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај е суспендиран, а аеродромот и железничката станица се затворени.

Вирусот се шири од Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи со заразени лица се потврдени во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг