55-годишната Моника Белучи изгледала сензационално на ревијата “Alexandre Vauthier Fashion Show” за сезоната пролет/лето 2020 година на модната недела во Париз.
Актерката носела црна свилена кошула во комбинација со црн блејзер и панталони во истата нијанса. Италијанската ѕвезда го надополнила ваквиот стајлинг со црн пар чизми на платформа и црна чанта, а од накит носела сребрен ѓердан околу вратот.
Според фотографиите, убавата Белучи била добро расположена.
Моника е моментално во врска со 36-годишниот Николас Лефевре со кој се верува дека е во врска од мај 2017 година, 4 години по разводот од поранешниот сопруг Винсент Касел. Таа признала дека некое време излегувале и дека работите добро се одвивале, а потоа изјавила:
“Мојот партнер не ја работи истата работа како и јас, но многу патува. Неговиот животен ритам го надополнува мојот”.
Белучи прво се занимавала со манекенство, а кариерата ја започнала како модел за “Dolce & Gabbana” и “Dior” пред да премине на актерството.