Путин за периодот кога ќе се повлече од власт: Нашата земја мора да биде силна претседателска република, тоа е прва работа!

Точка

23/01/2020

08:54

2.025

Големина на фонт

а а а

Русија мора да остане силна претседателска република, порача вчера рускиот претседател Владимир Путин запрашан за транзицискиот период кога ќе отстапи од власт во 2024-та година.

Минатата седмица, Путин, кој според рускиот Устав повеќе не може да се кандидира за претседател, предложи уставни измени кои му даваат неколку можности да ја задржи власта по истекувањето на мандатот.

Меѓу нив е и намалување на овластувањата на претседателот и јакнење на овластувањата на премиерот, со што се зголемија гласините дека Путин би можел да се врати на премиерската функција која ја вршеше во периодот од 2008-ма до 2012-та година.


„Нашата земја, очигледно, мора да биде силна претседателска република. Тоа е првата работа. Ние имаме толку силни етнички групи, националности, начини на живот, па е практично невозможно да се интегрираат во рамките на парламентарна република“, изјави Путин.

67-годишниот претседател на Русија го изјави тоа на средбата со студентите во Сочи која ја пренесуваше руската државна телевизија.

Запрашан дали Русија треба да ја разгледа можноста за одреден транзициски период по примерот на Сингапур, Путин порача дека тоа не ѝ одговара на неговата земја.


Ли Јуан Ју кој важи за „градител“ на модерен Сингапур, по пензионирањето стана министер-ментор или еден вид на советник за да овозможи стабилност на сингапурската влада.

„Тоа беше фантастичен човек. Тоа е вистина, беше 30 години на власт и ги удри темелите на државата, тоа е вистина. Сакате да бидам министер-ментор? Вашиот предлог оди против институцијата претседател. Мислам дека тоа не може да се примени во држава каква што е Русија“, изјави Путин кој како претседател и премиер веќе 20 години доминира со руската политика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг