“Земјотрес“ во Италија! Луиџи Ди Мајо поднел оставка: Заминува од лидерската позиција во Движењето Пет Ѕвезди

Точка

22/01/2020

21:41

1.761

Големина на фонт

а а а

Лидерот на италијанското Движење Пет Ѕвезди, Луиџи ди Мајо, денеска поднесе оставка од функцијата, што ќе донесе дополнителна неизвесност на владејачката коалиција во земјата, пренесува „Ројтерс“.

„Денеска сум тука да поднесам оставка како претседател на Движењето пет ѕвезди“, рекол Ди Мајо на состанокот на шефовите на регионалните партии.

Тој најави дека Вито Крими, шеф на Комисијата за внатрешни правила во партијата, ќе ја преземе улогата на привремен претседател сè додека не се избере нов на Конгрес во наредните месеци.


Премиерот Џузепе Конте претходно рече дека ќе ја почитува секоја одлука на Ди Мајо, кој е исто така и министер за надворешни работи на Италија.

Иако оставката на Ди Мајо не се очекува да доведе до пад на владата, тоа укажува на длабоки поделби во Движењето пет ѕвезди, додава британската агенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг