Поради Кејт? Меган ги објави првите фотографии после заминувањето од кралското семејство

Точка

22/01/2020

19:52

10.712

Големина на фонт

а а а

Првпат откако таа и принцот Хари го напуштија кралското семејство и Велика Британија, Меган се огласи на Инстаграм профилот кој го дели со сопругот.

Споделила фотографии кои настанале уште во Лондон за време на една посета на засолништето за животни „Mayhew“.

Засолништето во Кенсал Грин го посети на почетокот на овој месец, непосредно пред таа и Хари да ја шокираат јавноста со одлуката дека сакаат да ги напуштат своите позиции во кралското семејство.

На една од објавените фотографии, војвотката од Сасекс гали едно повредено куче.

Фотографиите беа објавени на нивниот профил откако Кејт Мидлтон тргна на 24-часовна турнеја низ земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг