Катастрофа по катастрофа во Австралија, пристигнува нова епидемија

Точка

22/01/2020

19:29

6.099

Големина на фонт

а а а

Австралија оваа година веќе се соочи со екстремни пожари, поплави и град. Експертите сега предупредуваат на нова опасност - смртоносни пајаци.

Катастрофата која се случила во Австралија последните месеци создала совршени услови во кои пајаците може да се размножат. 

Влажните шумски предели во источна Австралија стануваат природно окружение за неколку видови пајаци познати по својот многу токсичен и брзоделувачки отров. Меѓу нив е сиднејскиот левак-пајак.

Поради потенцијалната опасност, се огласил и австралискиот парк за влекачи, со седиште во Сомерсби, во сојузната држава Нов Јужен Велс, од каде порачуваат дека присуството и активноста на овие пајаци во последните денови се зголемени.

"Поради неодамнешните дождови и топлите денови низ кои минуваме, смртоносните пајаци ќе почнат да се движат насекаде. Тие се едни од најопасните пајаци на планетата и кон овој проблем мора да постапиме многу сериозно", изјавил портпаролот на паркот Даниел Рамсеј во видеото објавено на Фејсбук.

Сиднејскиот левак-пајак е нормално активен во текот на летото, но "сезоната на пајаците" овој пат малку доцнела, бидејќи е времето во последните месеци било многу суво.

Како што пишува CNN, доаѓаат предупредувања дека нивниот отров е прилично токсичен и дека постои опасност од смртоносен резултат, доколку дојде до контакт со ова опасно животно.

Низа катастрофи

Австралија ја погодиле најлошите пожари во последните децении, при што големите поплави кои уследиле ја опустошиле веќе соголената земја.

Откако пожарите започнале кон крајот на јули минатата година, најмалку 28 лица загинале ширум земјата - а само во Нов Јужен Велс повеќе од 3.000 домови биле уништени или оштетени.

Силните олуји донеле олеснување во некои области кон крајот на минатата недела, иако бујните поплави создале нови ризици.

Делови од југоисточна австралија биле погодени од град, доволно голем да скрши прозори од автомобили и да повреди птици, помалку од 24 часа откако регионот го погодила голема олујна прашина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг