Морската пена "го проголта" брегот на Каталонија: Маркетите на Мајорка во проблем

Точка

22/01/2020

19:42

3.592

Големина на фонт

а а а

Морската пена ги проголтала зградите на Мајорка, а делови од Каталонија во целост се прекриени со пена. Тоа се последиците од олујата Глорија, која ја погодила Шпанија.

Шпанските власти прогласиле црвен метео-аларм на неколку подрачја поради сериозните временски непогоди. 

Морската пена ги преплавила улиците на Џирона.

На Балеарските острови неколку очевидци не можеле да одолеат па застрашувачката олуја ја снимале со мобилни телефони, додека некои снимале од своите станови и автомобили.

На Мајорка е прогласен портокалов метео-аларм до четврток поради лошите временски услови и олујата Глорија.

Во супермаркетите на тој остров снемува производи, бидејќи е спречена испорака од копно.

Налетите од ветер повремени достигнуваат и до 84 километри на час. Службите за вонредни ситуации реагирале на околу 322 инциденти поради олујата на Балеарските острови. Случаите оделе од паднати стебла до одрони и поплави.

Досегашните податоци велат дека настрадале четири лица.

##https://twitter.com/OJICID1/status/1219703929509801984##



Спонзорирани линкови

Маркетинг