Кралски колач – десерт кој го обожуваат Французинките

Точка

22/01/2020

18:45

3.700

Големина на фонт

а а а

Во Франција, на 6-ти јануари секоја година традиционално се јаде “La Galette Des Rois” или кралски колач.

Станува збор за вкусен десерт од лиснато тесто полнето со ароматизирана паста од бадеми, а како да го приготвите дома, дознајте од рецептот во продолжение: 

Состојки за колач за 10 лица:

- 450 гр. готово лиснато тесто (поделено на две парчиња)

За фил:

- 100 гр. бадемово брашно

- 100 гр. шеќер

- прстофат сол

- кора од половина портокал

- 100 гр. путер (на собна температура)

- 2 јајца

- 2 чајни лажички рум

- 1/8 чајна лажичка екстракт од бадем

За глазура:

- 1 жолчка

- 1 лажица млеко


Начин на припрема:

1. Во сад измешајте го бадемовото брашно, шеќерот, солта и изренданата кора од портокал.

2. Додадете го омекнатиот путер и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса.

3. Во смесата додадете ги јајцата, румот и екстрактот од бадем. Покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер.

4. На набрашнета површина развлечете го тестото во два круга со дијаметар од околу 25 центиметри. За тоа ќе ви помогне калап за колачи, а можете да се послужите и со поклопец од некој сад.

5. Секое парче лиснато тесто ставете го на хартија за печење и вратете го во фрижидер на половина час. Кога готвите со готово лиснато тесто, важно е да бидете брзи за тоа да не почне да се топи и да ви ја отежни работата – чувајте го едното парче во фрижидерот додека ракувате со другото.

6. Премачкајте го филот преку средината на лиснатото тесто и преклопете го со другото парче тесто. Важно е да оставите околу три центриметри место на работ на колачот кое нема да го премачкате со фил, за потоа добро да ги залепите рабовите за да не истече во текот на печењето.

7. Вака припремениот колач вратете го уште половина час во фрижидер.

8. Премачкајте го колачот со смеса од жолчки и млеко и со вилушка втиснете ги рабовите на колачот. Направете неколку дупчиња на врвот за пареата да може да излегува во текот на печењето.

9. Вака подготвеното тесто ставете го во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 30 минути, додека тестото не потемни по рабовите и на врвот. Послужете го колачот додека е топол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг