Бил најголем измамник во историјата: На една неверојатна лага заработил милијарди, вакво нешто денес не може да се замисли

Точка

22/01/2020

17:41

4.007

Големина на фонт

а а а

Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантурист, во 1820-та година дошол до големо парче земја во Средна Америка, на подрачјето на денешен Хондурас.

Земјата наводно ја добил како принц на Поје, земја за која никој дотогаш не слушнал. 

Всушност, Мекгрегор измислил своја држава, ја нарекол Поје, а себеси се прогласил за нејзин принц. Кога, по патувањето низ Америка, се вратил во Велика Британија, веднаш започнал маркетиншка кампања за да привлече вложувачи и колонијалисти во својата земја.

Според неговите зборови, Поје е малку поголем од Велс, земја е на мед и млеко, плодна почва, студени реки полни со злато, густи шуми во кои има многу егзотични плодови. Освен што земјата што ја опишал била дијаметрално спротивна од неговата Шкотска, тој играл и на машкоста на своите сонародници така што објавувал огласи кои ја возвишувале храброста на оние кои се осудуваат да одат во нови походи, па тврдел дека мора да вложат пари во експедициите.

Мекгрегор едноставно бил роден трговец, им ветувал рај на земјата на своите инвеститори на кои им продавал приказна дека ќе бидат пример за сите луѓе и дека е важно да реагираат што побрзо - бидејќи ако веднаш не се активираат, ќе ја пропуштат својата шанса.

Во случај некој да не му верувал, со себе носел книга за предностите на малите островски нации која наводно ја напишал капетанот Томас Стренџвејс, а станувало збор за негови текстови.

Исто така, печател и лажни пари кои им ги давал на инвеститорите. Тактиката запалила. Мекгрегор собрал 200.000 фунти во кеш и речиси 1.3 милиони фунти во обврзници, што во денешна противвредност би било богатство од 3,6 милијарди. Кон крајот на 1822-ра и почетокот на 1823-та година започнале првите две експедиции кон Поје, поточно, 250 ентузијастични идни жители. Но, кога дошле, затекнале поинаква ситуација од ветената. На брегот немало ни населби, ни патишта, земјата била неплодна за обработка, а од реките со злато немало ни трага ни глас.

Набрзо неподготвените Шкоти почнале да умираат еден по еден, се додека преостанатата третина не била спасена од брод кој ги однел во Белизе. Во Велика Британија се вратиле 50-тина од нив, па весниците брзо почнале да пишуваат за големата измама.

Мекгрегор побегнал во Франција каде, нема да верувате, повторно почнал да ја продава истата приказна, но тамошните власти набрзо го прочитале и затвориле.

После тоа накратко се вратил во Единбург, од каде морал да бега. Се вратил во Средна и Јужна Америка, каде починал во 1845-та година. А Поје, како што Мекгрегор ја нарекол ветената земја, до денес останала непокорена и напуштена дивина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг