"Добровечер госпоѓо, дали е вашиот син дилер?": Салвини предизвикал лавина од осуди поради новата снимка

Точка

22/01/2020

18:33

2.141

Големина на фонт

а а а

Видео снимката покажува како Салвини окружен со новинари ѕвони на интерфонот на туниско семејство.

Матео Салвини, лидер на италијанската крајна десна опозициска партија Лига и поранешен министер за внатрешни работи, уште еднаш предизвикал осуда од јавноста, откако во Болоња заѕвонил на интерфонот на туниско семејство и прашал дали таму живее дилер на дрога. 

Видео снимката од повеќе телевизии покажува како Салвини окружен со новинари ѕвони на интерфонот на туниско семејство и вели: "Добровечер госпоѓо, дали е вашиот син дилер?".

Откако комуникацијата од станот била прекината, Салвини уште неколку пати ѕвонел, но одговор немало.

Инцидентот се случил во работничката населба Пиластро со висока стапка на криминал, пренесува "Ansa".

Наводниот дилер, 17-годишно момче чии родители се од Тунис, но е роден во Италија, изјавил денес дека побарал правна помош од локалната адвокатка Кати Ла Торе, која започнала кампања против говорот на омраза.

Салвини, лидер на анти-мигрантската, евроскептична Лига, многумина го критикуваат поради антимигрантските политики кои ги водел додека бил министер за внатрешни работи, вклучувајќи го и затворањето на италијанските пристаништа за спасувачките бродови кои пренесуваат мигранти.

Популарниот ди-џеј, писател и актер Фабио Воло го исмејал Салвини, обвинувајќи го дека се осудува да ги нападне "само послабите".

Тој го повикал Салвини да оди и заѕвони на вратата на Камора, наполитанската мафија, ако има храброст.

Изјавата на Воло станала вирална, а многу луѓе на социјалните мрежи се согласиле со него.

Заменик претседателот на парламентот на Тунис, Осама Сгајер оценил дека Салвини покажал "расистичко и срамно однесување", кое ги нарушува односите меѓу двете земји.

Во одговорот до тунискиот службеник, Салвини навел дека "слушал крик на болка на мајка, која го изгубила својот син поради дрога".

Лидерот на Лига се наоѓа насред кампања пред локалните избори во регионот Емилија Ромања, кои се одржуваат во недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг