Зошто Меланија Трамп овој прстен никогаш не го вади и не го споредува со ниедно друго парче накит?

Кармин

22/01/2020

17:23

4.432

Големина на фонт

а а а

Нејзиниот стил плени со елеганција, а Меланија Трамп поседува облека и накит од најпознатите модни дизајнери ширум светот.

Сепак, постои едно парче накит кое најмногу сака да го носи.

Во последно време сите фотографии може да послужат како доказ дека вереничкиот прстен е парче накит од кое Меланија не се одвојува.


15-каратниот веренички прстен, Доналд Трамп го ставил на раката на Меланија во 2004-та година, после 6-годишна врска.

Тогаш за прстенот рекле дека неговиот камен заслепува и дека мора да ставите очила за да го погледнете.

Се зборуваше дека станува збор за прстен кој денес би можел да вреди околу 3 милиони евра.


После тоа, за 9 години брак, актуелниот претседател на Америка го “унапредил“ прстенот на Меланија, додавајќи му уште поголем дијамант од 25 карати. Оттогаш убавата Словенка не го вади од прстот.

Го носела и на познатиот портрет од Белата куќа, за да му го покаже на целиот свет. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk