Видео кое го растажи светот: Исцрпена коала излегла на улица за да се напие вода од локва

Точка

22/01/2020

17:50

1.798

Големина на фонт

а а а

Австралиските пожари полека, но сигурно се доведуваат под контролa. Но, без оглед на тоа мораме да бидеме свесни за фактот дека огромни површини и понатаму горат и дека таквата состојба ќе потрае уште некое време.

Природата и животните кои живеат во Австралија се доведени до состојба на целосен хаос. Многу од нив се далеку од своите природни живеалишта, некои се во резервати и засолништа, а некои сè уште чекаат помош и се оставени сами на себе. 

Една таква сцена снимила и Памела Шрам која со своето семејство наишла на глетка која ѝ го скршила срцето. Сред улица, семејството забележало коала која се симнала од дрво и отишла да се напие вода по дождот. Локвите од кои пиела биле многу мали, а кога Шрам му пришла за да провери да не е повредено, сиротото животно и понатаму било припиено за тлото.

За среќа, коалата немала повреди ниту изгореници, а откако се напила вода, се тргнала од патот и се качила на стебло. Памела го споделила видеото на социјалните мрежи со предупредување до возачите:

“Ве молам, бидете внимателни. Животните излегуваат на патиштата за да се напијат вода. Тажно е и болно да се гледаат толку изгубени”, напишала таа и потсетила дека луѓето годишно усмртуваат повеќе од 150.000 животни на патиштата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг