Драма во домот на познат ријалити пар! Пронашла шминки од неговата љубовница, а потоа...

Кармин

22/01/2020

17:00

3.675

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на ријалити шоуто „Jersey Shore“, Рони Ортиз-Магро, пријавил дека вереницата Џен Харли го нападнала и го удирала.

Рони и Џен со години се во турбулентна врска, имаат и дете, но секои неколку недели раскинуваат, а потоа изнесуваат гнасни обвиненија еден за друг на социјалните мрежи.

Рони пријавил дека се вратил дома од снимање, легнал, а вереницата го разбудила удирајќи го по глава!

„Нашла во ѓубрето од купатилото шминка од друга девојка и почна да вреска дека ја изневерувам. Ме удри неколкупати, а потоа со ајлајнерот пронајден во ѓубре ме прободе во око“, раскажал Рони во полиција.


На Џен ѝ е одредена забрана за приближување до Рони и нивната ќерка Аријана, поради семејно насилство, пренесуваат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk