Ериксен закажал нов состанок со Тотенхем

Точка

22/01/2020

16:07

1.593

Големина на фонт

а а а

Кристијан Ериксен веќе подолго време се поврзува со трансфер во Интер, а Данецот во врска со неговиот трансфер во Милано, за утре закажал нов состанок со управата на Тотенхем.

На Ериксен договорот со Тотенхем му истекува по крајот на сезоната кога клубот ќе може да го напушти како слободен играч, но тој не сака да чека толку долго и има намера веќе во текот на овој преоден рок да го напушти Лондон.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ериксен веќе постигнал договор со Интер околу личните услови и поради тоа за утре закажал нов состанок со управата на Тотенхем во обид да ги натера челниците на лондонскиот клуб да ја прифатат понудата на Интер.

Наводно од Интер за услугите на Ериксен понудиле 18 милиони евра, сума која е премногу блиску до 20-те милиони евра кои ги бара Тотенхем за услугите на Данецот. Се очекува повеќе детали да бидат познати веќе утре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг