Што ја чека сега руската економија?

Точка

22/01/2020

16:49

1.339

Големина на фонт

а а а

Промените во руската влада создаваат одредена неизвесност во економската политика на земјата.

Сепак, новиот кабинет ќе го продолжи општиот смер на политиката на претходната влада, се наведува во коментарот на агенцијата "Мудиз". 

"Ненадејната промена создава одредена неизвесност во економската политика. Сепак, изјавите на претседателот и новиот премиер сугерираат дека владата ќе продолжи со политиката на претходната со цел подобрување на економскиот раст и социјалните показатели, со одржување на широка макроекономска стабилност", се наведува во документот.

Аналитичарите оценуваат дека приоритетни подрачја на работа на минатата влада ќе останат, посебно на имплементација на 13 национални проекти претставени во 2018-та година.

Агенцијата не предвидува слабеење на финансиската положба на Русија бидејќи земјата има доволно средства за финансирање на своите трошоци, пренесува "Index".

"Мудиз" исто така забележува ниско ниво на државниот долг на Руската федерација во споредба со другите земји.

Таа агенција ја задржала прогнозата за раст на рускиот БДП во 2020-та година од 1,5 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг