Ако ви кажат дека сте напорни и комплицирани, бидете среќни – еве која е главната предност на жените со тежок карактер

Кармин

22/01/2020

16:27

1.828

Големина на фонт

а а а

Научниците тврдат дека комплицираните и тешки жени имаат бројни предности, па затоа ако некогаш ви “закачиле” ваква етикета, слободно сфатете ги како комплимент.

Имено, научниците тврдат дека жените со тежок карактер обично се поинтелигентни, па затоа нема причина да се чувствувате лошо ако во друштвото сте онаа “темпераментната”. Наместо тоа, прифатете ја ваквата ваша страна и третирајте ја како предност и благослов. 

Деталното истражување кое го спровеле научниците од универзитетот Стенфорд и универзитетот во Нов Јужен Велс заклучиле дека комплицираните жени се поинтелигентни. Резултатот се заснова на фактот дека жените со променливо расположение носат подобри одлуки, но и покажуваат подобра меморија кога се во прашање деталите и фактите.


На темпераментните жени, лошото расположение им овозможува да посветат поголемо внимание и да ја искористат својата интелигенција во различни аспекти од животот. Тоа е посебно вистинито кога треба да донесат важни одлуки или да пронајдат решение на некој професионален, социјален или деловен проблем бидејќи анализираат со “ладна глава” наместо да користат сентиментално заклучување.

Освен подобра анализа и вештина на расудување, жените со тежок карактер вообичаено имаат поразвиени вештини за водење, што ги прави добри лидери во деловниот свет. Сепак, има и недостатоци.

Ако речиси секогаш сте негативни и раздразливи, веројатно сте многу почесто под стрес и имате поголема шанса за развивање на депресија. Поради тоа, научниците ги советуваат луѓето со тежок карактер да се обидат да ги урамнотежат своите емоции за да не им наштетат на нивниот квалитет на живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk