Твитер “гори“ поради оваа фотографија, а кога ќе ја видите ќе сфатите зошто...

Точка

22/01/2020

16:15

4.196

Големина на фонт

а а а

Фотографија од една спална соба станала хит на Твитер, бидејќи принтот на постелнината на многумина им изгледал како сцена од убиство.

Комплетот за кревет со принт од ружи на перниците и ливчиња распоредени по постелнината, на корисниците на социјалните мрежи им наликувале на траги од крв, поради што фотографијата привлекла големо внимание.

Фотографијата од непријатниот момент кога сфатил дека неговиот нов комплет за кревет изгледа како место од најгрозоморниот злочин на светот, Џон Доног ја споделил на Твитер каде добил повеќе од 7,5 илјади лајкови.

„Да, да, нова постелнина. Признај, каде ја закопа“, е една од реакциите на Твитер.

##https://twitter.com/vcocozza76/status/1219592406208741376##

„Изгледа како сцена од CSI“, „Ружите на перниците се посебно ужасни“, се уште некои од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг