Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Макфакс

22/01/2020

15:02

1.025

Големина на фонт

а а а

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад, за кој нема сетификати. Тој вели дека треба да се зајакнат капацитетите со нови лаборатории за да се следат состојбите, па да се подобри состојбата со животната средина.

„Излегуваат многу информации, јас апелирам тие да ги проверуваме посебно кога станува збор за сензитивна материја како оваа. Обвинителството покрена постапка со која се испитуваат наводите кои се изнесуваат во јавноста. Од Министерството за животна средина имаме информација дека се увезува само отпадот кој е дозовлен и за кој има сертификати, дека немаме штетен отпад кој што е увезен во државата. Секако дека ова што се случува во Република Бугарија го следиме одблизу. Градот Скопје презема конкретни чекори. Институциите треба да го следат случајот и да ги јакнеме капацитетите со лаборатории, со цел следење на состојбите во државата, за подобрување на состојбата на животната средина“, вели Спасовски.

Пред два дена, Демократскиот сојуз инсистираше да се направи темелна истрага за увозот на отпад во Македонија во која треба да се вклучат службите за разузнавање и национална безбедност, МВР, како и Царинската управа. Според нив, аферата во Бугарија околу сомнителниот отпад од Италија ја наметнува непосредната соработка со бугарските власти, бидејќи како увозик се споменува фирма која има сопственички удел во ЈП „Дрисла“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг